Екс телохранителот на Никола Груевски се огласи и кажа на што лично бил сведок тој

  • By admin
  • јули 23, 2022
  • 0
  • 385 Views

Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски иако неколку години веќе е во Унгарија и понатаму е тема за нашата јавност.

Овојпат стана актуелен поради тоа што неговата сопруга Боркица побара да се разведе.

Ова наиде на бројни коментари на социјалните мрежи, како и многу пишувања по медиумите.

Денес на својот профил на фејсбук се огласи екс телохранителот на Груевски, Тоше Зафиров.

Познатиот наш спортист и бодибилдер Зафиров имаше што да кажа и сподели малку позната работа за јавноста:

Со денови и денови читам не долични на вреди кон личност која што мислам дека малку барем добро ја познавам и навистина е премногу за било кој се тоа да се пишува сепак и тој има овде семејство има дечиња има мајка, роднини ,пријатели и сл.

Додека бев на служба во МВР како дел од 6 УПРАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ и долги години како дел од тимот за обезбедување на г-от Никола Груевски не навлегувајчи во неговите политичка или бизнис кариера како човек кој што лично го познавам безброј пати помогнал на дечиња да отидат на лекување во странство без за тоа да се спомнува било каде.

Безброј пати јас лично сум сведок каде што помагал на многу луѓе кои што имаа здраствени пр облеми ,на семесјтва кои што навистина беа финансиски загр озени и многу многу други примери.

Но се тоа се заборави остана само гне вот кон него што ја отсликува нашата реалност во која што денес живееме .

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *