Има 90 години и повторно седна во училишните клупи: Школските другари ми се како внуци

  • By klaster2
  • април 17, 2022
  • 0
  • 271 Views

Откако немилите во ени настани и го прекинале образованието, Италијанката Анунчиата Мурдија морала да почне да работи и да заработува за семејството, а кога подоцна животот и се вмеша во судбината, останала без диплома. Така, сега, во нејзините деведесетти, таа одлучи да се врати на училиште и да го надомести изгубеното време.

Мурдија е најстариот човек во класот каде што учи за испитот наменет за деца од ниско средно образование. Редовно оди на настава, во вечерното училиште во близина на нејзината куќа во Долијанова на Сардинија.

„Сакам да учам, секогаш ми се допаѓаше тоа. Но, кога се случија немилите настани, сè се смени кај мене. Морав да одам на работа,

,, Бидејќи моето семејство се ма чеше и морав да работам, некогаш можеа да учат само тие што имаа доста пари, вели старицата за „Ил Месаџеро“

Мурдија додава дека научила да шие уште кога била мала и дека станала шивачка. Но, таа читала многу книги, па кога имала прилика секогаш учела по нешто.

Нејзините страсти се историјата и музиката: „Отсекогаш сум ги сакала историските книги, а бидејќи сум доживеал добар дел од историјата за која се пишува во книгите – ги видов реалните слики од сите немили настани.

Најмладиот соученик на Мурџија има 16 години. Полагањето на испитот кој вклучува тестови по италијански јазик и литература, како и математика е неопходно за напредување во високото средно образование кое завршува во Италија на 18 години.

Марина Пилија, професорка по литература во училиштето, ја опиша Мурдија како многу страстен и ангажиран ученик со голема желба.

„Иако има потешкотии со слухот, а пред некој ден не беше во најдобра форма поради па дот, таа активно учествува во наставата, особено по историја“, вели наставничката Пилија.

Училиштето главно се занимава со образование на возрасни. Просечната возраст на учениците во класот на Мурдија е 40 и повеќе години, од кои некои се подготвуваат и за завршен испит.

„Често тоа се жени кои сакаат да го продолжат своето образование откако ќе имаат деца или се луѓе кои никогаш не се стекнале со диплома и им треба за работа, бидејќи тоа е минималниот услов“, вели наставничката.

Последната личност од возрасната група на Мурџија која полагала на училиште била 87-годишна жена и тоа во 2016 година.

Мурџија рече дека нејзините учители се „фан тастични“ и дека нејзините соученици и се „како внуци,, Некои ме испраќаат до дома навечер, кога е темно“, додаде таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *