Игор Џамбазов утрово се пофали: Јас лежам, а платата доаѓа

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 1140 Views

За Игор Џамбазов е познато дека важи за еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 92 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.

Природа,сонце, зеленило, мирис на јоргован, а згора на тоа и поглед кон езеро, ех… Кој не би посакал сега во ова време невреме да го чувствува и гледа тоа!

Но, некои имаат среќа, особено оние со живеалишта на места до вода или планина. Игор Џамбазов голем дел од своето време освен во Скопје, го минува и во Дојран.

Игор Џамбазов ја обожава природата, сака вода, сонце и убава енергија, па токму затоа веќе со месеци се буди и заспива со поглед на Дојранското Езеро.

Цитатите кои актерот, музилар, шоумен и писател Игор Џамбазов ги споделува од неговите книги се често едни од најпопуларните негови објави, а ги споделуваат и многу од неговите обожаватели.

Вчера Џамбазов ја имаше промоцијата во најавата за серијата „Блекс опс“ каде што се појавува како еден од актерската екипа.

Утрово Игор во свој стил објави нова фотка на Инстаграм од село Вишни, повторно од природа, а под која напиша:

“Јој што волим овај ре жим, плата стиже, а ја лежим”

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *