Тања Џамбазова, сестрата на Игор Џамбазов и ќерката на познатиот музичар Александар Џамбазов не живее во Македонија веќе долги години
-Сакам да видам како луѓето од различни култури го поминуваат ова малку време што го имаме на Земјата, што им е важно, каде наоѓаат мир и што им носи пеперутки во стомакот.
Бегам од градови зашто сите се исти. Невидливите градови на Калвино. Одам во мали места, во села, а во ретки моменти пијам р акија од шише со автомеханичар во Куба.
Или појадувам со фармер во Исланд. Да, имав драгоцен разговор со теа мастер во Тибет, споредував животни филозофии со пријатели од Зимбабве… Патувам секаде каде што можат да се најдат луѓе со големо „Л“, рече Татјана во интервју во За се.
Игор Џамбазов е добро познато име на македонската јавноста. Човек со многу професии, пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.
Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.
Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
Утрово Игор Џамбазов на својот инстаграм профил сподели заедничка фотографија со својата сестра Тања и притоа крај нејзе напиша:
Како пролетен ветер залутан во септември. Доаѓа неочекувано, пријатно пирка, и тотално те освежува.
А потоа го снемува, уште пред да ги отвориш очите. Систер, Тања Џамбазова, ти и не сфаќаш колку ми недостасуваш.