Зоки Фаци: Слободно наречете ме урбана легенда – икона

  • By admin
  • септември 12, 2022
  • 0
  • 203 Views

Зоки Фаци или Зоран Василевски како што му е вистинското име и презиме е познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

обро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

– Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.

Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “МиКаса“ – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.

Добро познато е дека е добар пријател со водителката Лила Филиповска и презентерот Спасе Јовановски со кои често се дружат за што сведочат многубројните фотографии.

Зоки Фаци е доста активен на социјалните мрежи така што секојдневно од него може да очекувате споделено стори, некоја фотографија или пак дел од атмосферата на работното место.

Па така на својот инстаграм профил објави фотка крај која напиша:

Си беше едно време кога блескав на билборди. 15 години успешна тв кариера, еден куп емисии во шоубиз. Слободно наречете ме урбана легенда, икона, се друго е историја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *