Игор Филевски од Малта И после пак ќе ме прашувате како тоа не сакаме да се вратиме во родната ни земја

  • By admin
  • април 6, 2021
  • 0
  • 6017 Views

Долгогодишниот македонски новинар и водител, Игор Филевски кој беше препознатлив на малите екрани по својата авторска емисија Топки веќе извесен период живее далеку од својата татковина.

Извесен период помина во Барселона, Шпанија, а сега е во Малта. Тој пред некој ден преку својот профил на фејсбук напиша:

-Ако се инфицираш со ковид-19 во Малта и случајно добиеш тешка клиничка слика, можеби ќе треба да те постават на респиратор. Се’ е бесплатно за пациентот.

Не одат роднините да трчаат и да набавуваат боци кислород, како моите роднини во Македонија. Ако треба, а секако ќе треба, шишиња инфузии, и тие се овде бесплатни, а не како за братучетка ми да трчаат домашните по пријатели и да бараат да купат инфузии, па што поскоро и ги однесат во болница.

А ако сликата е премногу тешка, па да мора да се прави и “филтрација” која во Македонија чини 12.000 евра, е и тоа е овде бесплатно за пациентот, важно е да се спаси животот, а покрива се’ државата. До цент.

Тоа важи и за нас дојденците и за нив, автохтоното население.

И после пак ќе ме прашувате како тоа не сакаме да се вратиме во родната ни земја, во земјата каде цел живот плаќавме редовно даноци, здравствено и пензиско осигурување, каде редовно ги плаќавме сите комуналии и давачки? Да се вратиме за да ни ја доцица и кр вта, да ни го доизеде и џигерот?

Не, никогаш.Нашата прекрасна земја Македонија е во нашите срца каде и да сме и до последниот здив ќе ја пренесуваме од колено на колено.

А вашата ужасна држава Македонија, или Северна Македонија (како и да сакате), ви ја оставаме вам, како ви чини така форматирајте си ја.

(Ние ќе си стоиме настрана и може само да си коментираме, одвреме-навреме, од болка и од тага, што го доживеавме тоа што не верувавме дека некогаш и ќе се случи)

А понатаму наместо да не’ прашувате зошто дојде вака да се чувствуваме, прашајте се самите како тоа државите во кои сме ‘дојденци” не’ третираат со максимален респект и според сите општествени и цивилизациски норми.

А за другите нешта и да не зборувам, доволно како пример е само оваа тешка и несекојдневна ковид-ситуација која не’ засегна сите, каде и да сме.

И помислете уште еднаш дали се’ уште треба нелогично да го браните и безумно да го поддржувате она кое не чини и она кое очигледно дека профитот го става пред етиката и моралот дури и кога се работи за хумана обврска во едно општество?

А не е само ова, здравството е само капка во морето небулози и проблеми што и понатаму го бркаат секој млад и умен човек од таа држава таму, заплетена во кри минално-хо хштаплерска папазјанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *