Ибрахим и неговиот син се последните ковачи во скопска чаршија: Само Бог знае до кога ќе постои занаетот

  • By klaster2
  • декември 3, 2021
  • 0
  • 423 Views

Сведоци сме дека занаетите полека но сигурно згаснуваат и дека на прсти се бројат оние кој останаа да печалат од својот занает.

Желба кај младите да научат занает скоро па и никаква, дел поради неисплатливоста, дел поради тешкотијата и слични причини.

Едни од последните ковачи во Старата скопска чаршија се татко и син, кој останале верни на традицијата и го пренасале занаетот од еден на друг.

 

– Со овој занает се занимавал мојот прадедо, дедо, татко а сега и јас, завршив средно електротехничко образование, уште мал бев овде во дуќанот.

– Земав чекан и ги гледав моите како работата. Кога дедо ми залегна во постела, јас ги презедов работите во свои раци и започнав со работа.

– Да се разбереме ковачкиот занает пред се е тежок занает, претежно овој занает е земјоделски, односно земјоделски предмети преработуваме.

– Како што се мотика, потковици, секири, трнорец и слично. Волјата е најбитна овде, од сабајле до вечер сме овде, вели Нехат за ,,Сител” телевизија.

– Јас занаетот го научив од мојот дедо, кој беше одличен мајстор, сега нема ковачи бидејќи е многу тежок занает, од другите занает овде останаа само лимарите и кујунџиите.

Таткото на Нехат, чичко Ибрахим пак во чаршијата го носи називот ,,Последниот ковач”, човек кој сведочи како било одамна а како е сега и кој шеесет години го работи ова.

– Од 11 години го работам ова, тежок занает е ова. За да го работиш треба да имаш пред се здравје, чирак што ќе ти помага и секако муштерии на кој ќе им продаваш или поправаш, вели Ибрахим.

– Сведок сум на едно убаво време, за тие времиња може само да се сеќаваме, а сега Бог знае до кога ќе постои овој занает, додава тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *