Зоран својот коњ не го дава ниту за најсовремените трактори, дневно поминува и по 100 км

  • By klaster2
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 373 Views

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 2.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Од 4.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм).

Сепак овие промени на светски рамки некој не ги додирнуваат ниту за секунда, бидејќи тие си имаат свое друго превозно средство.

Зоран Николиќ од Ивањица е еден од тие, и нема гајле со новите поскапувања на горивата. Тој е еден од ретките луѓе кој го ора полето со помош на коњи и плугови, како што правеле нашите предци.

Патува над сто километри дневно, но не му е тешко, навикнат е да се дружи со коњите Бис и Дора, а не би ги заменил за најсовремен трактор.

Вели дека работи со коњи повеќе од 20 години. За Зоран добро да си ја заврши работата, пред се се одговорни за животните. Вели дека му носат приход, а тие се живи души, мора да ги храни, одмора и одржува хигиена …

– Коњот мора да јаде жито секој ден, мора да и дадете соодветна грижа – вели Зоран и додава дека орањето на еден декар чини 250 динари.

И така, додека другите се обидуваат да добијат најсовремени машини за обработување на земјата, Зоран останува верен на оваа професија на начинот на кој тоа го правеле неговиот дедо и прадедо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.