Платите во Германија ќе бидат уште поголеми по последната одука – познато и од кога

  • By admin
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 324 Views

Bo Германија минималната саатница, која во моментот изнесува 9,82 евра бруто, најпрво од 1 јули треба да се зголеми на 10,45 евра, а од октомври – 12 евра.

Законодавците поаѓаат од тоа дека во Германија во моментот, околу 6,2 милиони вработени земаат саатница помала од 12 евра. Следното зголемување може да се очекува на почетокот на 2024 година

Зголемувањето од речиси 15% ќе стапи на с ила од 1 октомври, а владата вели дека околу 6,2 милиони луѓе во Германија моментално работат за помалку од 12 евра на час.

Зголемувањето на минималната саатница беше едно до централните предизборни ветувања на владејачката Социјалдемократска партија на Германија – СПД.

„Без Олаф Шолц не би се зголемиле саатниците“, рече министерот за труд Хубертус Хеил во петокот. Тој додаде дека зголемувањето на саатницата, на оние кои заработуваат најмалку ќе им донесе „осетно повеќе во паричниците“.

Законот за зголемување на минималната саатница го поддржаа партиите од социлајдемократската-зелена-либерална коалиција и партиите на левицата, но опозициските пратеници од ЦДУ/ЦСУ Унијата и десно популистичката Алтернатива за Германија – АфД се воздржаа од гласање.

Левицата го поддржа зголемувањео на минималецот, но укажа на тоа, дека не ја следи стапката на инфлација.

Зголемувањето на минималецот го крити куваше Здружението на германски работодавачи, а го поздравија претставниците на синдикатите.

Шолц во средата рече дека сака да им се придружи на работодавците и синдикатите во заедничка акција за изнаоѓање начини за ублажување на ефектите од растот на цените, а истовремено спречувајќи ја спиралата на инфлација во Германија.

Како што е добро познато во Германија живеат и работат голем број Македонци кои во најголем дел од финансиски причини и во потрага по подобар живот ја напуштаат родната држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *