Зоран Заев се огласи по првпат по бегството на Сашо Мијалков

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 1098 Views

Потрагата по Сашо Мијалков продолжува и денес, а на оваа теме за првпат се огласи јавно премиерот Зоран Заев кој претпладнево пред Кривичниот суд истакна дека разочаран што се случи уште едно бегство во името на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Тој додаде дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок, затоа што народот очекува правда.

„Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден.

Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, истакна Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *