Згодната Изабела вози автобус и вели: На народот никогаш не можеш да му удоволиш

  • By klaster2
  • април 14, 2022
  • 0
  • 351 Views

Често се соочуваме со предрасуди за машки и женски работи, гледање од друг агол на работите, со недоволна доверба а некаде и со потсмев.

Но во денешно време сме сведоци дека тој стереотип пополека исчезнува а многу жени се доказ дека рамноправно можат да ги работат и машките работи.

Еден таков пример е и Изабела Чарман, која веќе неколку години е возач на автобус. Една од ретките жени што се занимава со оваа професија.

Изабела објавува секојдневни видеа на социјалната мрежа ,,Тикток”. Таму ги споделува моментите позитивни и негативни што и се случуваат за време на работа.

– Често ми замеруваат што толку се шминкам, па велат дали со тоа сакам да заве дам некого од патниците, вели оваа шоферка.

Од друга страна таа потоа откри дека ако не носи шминка, луѓето и велат дека „изгледа уморно“ и ја прашуваат дали спиела.

Изабела додала и дека некои и велат дека и личи да биде возач на автобус, а кога ги прашала како изгледа типичен возач на автобус, тие одговараат со „стар, ќелав и не расположен човек“.

Сепак, коментарите на патниците не се најтешката работа во бизнисот: Значи, најлошо од се е што не можеш да одиш во тоалет кога имаш потреба – вели таа во видеото.

– Тоа е основно човеково право – додава тој за британски „Сан“. Најдобриот дел од нејзината работа е тоа што покрај себе нема шеф кој по цел ден и кажува што да прави, но признала и дека возењето автобус може да стане доста монотоно.

Нешто што ја оставило со подотворена уста е тоа што патник се качил во нејзиниот автобус извршил физиолошка потреба и потоа ја размачкал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *