За Асанов од валандовско нема одмор – ниту викенд, ниту празник: Пасе стадо од 600 кози

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 3514 Views

За младиот Џејхан Асанов од валандовска Дедели нема одмор, ниту викенд, ниту празник. Секој ден го изнесува стадото од 600 кози на пасење.

Одгледувањето кози е тежок бизнис но со повисоки цени на млекото но и поголема поддршка од државата може да се егзистира. Вака тврди Асанов од валандовско Дедели кој одгледува околу 600 кози и е еден од ретките кој се занимава со овој бизнис.

Екипата на Телевизија 24 го затекна во дојранско Ѓопчели каде го насочуваше стадото кон полјаните. Тоје е еден од ретките козари во југоистокот.

Вели дека своевремено биле многу, но сега останале со овој бизнис да се занимаваат само негови братучеди.

Тврди дека е тешко, но немал друг извор на егзистенција.

„Ние сме само што одгледуваме кози, а подолу има неколку и со овци, но тешко е. Имаше претходно и крави и кози, но сега само ние сме“, вели Асанов.

Тој со неговите братучеди дневно молзат по околу 500 литри козјо млеко кое го предаваат во млекарници. Велат дека цената од 20 денари за литар е ниска, а реагира што се уште не се исплатени субвенциите за козарите.

Со субвенциите по грло некако може да се живее, вели Џејхан.

Каснат сега, не дадоа, доцнат со субвенциите за лани и полани. Ако платат субвенција ќе фатиме нешто.

Козарите добиваат субвенција по 4,5 денари за предаден литар млеко во регистрирани млекарници, но и по 1200, односно 1500 денари за грло коза.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.