Д-р Даниловски отворено кажа што треба да направиме за да вирусот стивне кај нас

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 5219 Views

Од вторник од 10 000 до 15 000 граѓани дневно ќе бидат вакцинирани против Ковид 19. Дозите од Синофарм од ладната соба во поликлиниката Јане Сандански утре ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови низ државата.

Приоритет за да седнат на столчето за боцкање имаат над 218 000 илјади лица пријавени на вакцинација.мк. Во Битола каде е спремен регионален центар за имунизација дневно планираат да аплицираат од 1200 до 1500 вакцини.

Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола се подготвуваат за вакцинација со кинеските вакцини. Покрај во Скопје, вакцина ќе може да се прими и во еден од овие шест града.

И покрај најавите на здравствените власти за масовна имунизација, според епидемиолозите во земјава споро се одвива вакцинирањето.

“Некои проценки велат дека сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини” – вели за Алфа професорот Драган Даниловски.

Професорот Даниловски вели за да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот.

“Ако со ова темпо се продолжи да се вакцинира, значи просечно број на вакцини дневно дадени, иако тој број расте како што забележувам.

Според Блумберг од 28 април вели просечен број на дози 1.842 за да се постигне 85 отсто од наслението да биде вакцинирано ќе требаат 4,6 години, ова е груба математика. Јас би апелирал до надлежните, ова темпо што е можно побрзо да го зголемат – макар десет пати побрзо” – изјави професорот.

Д-р Даниловски алармира да вакцинираат што побрзо што поголем број на луѓе, затоа што само така на вирусот нема да му се даде шанса да се извлече од обрачот во кој се стега.

“Ако полека се тегнеме со вакцинирањето со тоа му се дава шанса на вирусот да и избега на вакцината, да мутира.Да најде начин преку мутирање и создавање на нови соеви да стане отворен на антителата што ги создава вакцината, но и на природниот имунитет.И тогаш ќе се соочиме со еден ужас без крај” – вели д-р Даниловски за Алфа ТВ.

Најавите на Филипче се дека дневно од 10 до 15 илјади граѓани ќе добијат вакцина. Но за жал според голем дел од лекарската фела тоа е неостварливо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *