Заменикот министер за здравство Хасани контра Венко Филипче: Немаме исти ставови

  • By admin
  • април 7, 2021
  • 0
  • 5497 Views

Министерството за здравство во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје информира:

Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаја на Ковид-19, и тоа во:

Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.

Пријавени се вкупно 51 поч инато лице: 20 од Скопје (87, 81, 80, 80, 79, 79, 76, 73, 71, 69, 68, 68, 62, 62, 60, 56, 55, 53, 51, 47), по 5 починати пациенти од Прилеп (84, 82, 77, 72, 72) и Струмица (84, 81, 77, 76, 70), по 3 поч инати пациенти од Куманово (52, 52, 32) и Кочани (63, 61, 46), по 2 по чинати пациенти од Тетово (69 и 55), Гостивар (83, 57), Кавадарци (77 и 74) и Охрид (77 и 66) и по 1 поч инат пациент од Битола (73), Неготино (68), Гевгелија (76), Радовиш (77), Делчево (79), Виница (74) и Валандово (58). Педесет пациенти се по чинати во болнички услови, а еден дома.

Направени се 4.438 теста преку: ИЈЗ – 714, ЦЈЗ Скопје – 95, ЦЈЗ Битола – 108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 3, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 175, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 174, „Авицена“ – 386, „Биотек“ – 340, „Систина“ – 312, лабораторија „Лаор“ – 402, „Синлаб“ – 94, „Ремедика“ – 51, „Плодност“ – 112, „Генеа“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.379.

Илир Хасани, заменик министерот за здравство и претставникот од Алијанса за Албанците, Беким Татеши вечерва дебатираат во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 за последните мерки објавени од Владата.

Претставникот на Алијанса, Татеши упати ос три кри тики кон Владата и посебно кон ДУИ како политичка партија за која вели дека апсолутно ништо не се прави во насока на лобирање за носење на вакцини во земјата.

Тој напоменува дека земји како Зимбабве, Гана и други африкански земји имаат повеќе вакцини од Македонија, која е земја членка на НАТО.

Татеши го обв ини заменик министерот Хасани дека е во сенка на министерот Венко Филипче и дека воопшто не е активен, како и дека не презема никакви мерки за подобрување на состојбата.

„Јас не сум заменик на Венко Филипче. Јас сум заменик министер за здравство. Јас сум член на ДУИ. Јас се консултирам на повисоко ниво“, истакна заменик министерот Хасани.

Тој вели дека како доктор се вакцинирал, но за тоа зошто министерот Филипче не го направил тоа, не може да каже.

На прашањето од модераторот за тоа дека изгледа како да не се во добри односи со Филипче, Хасани одговори дека тоа не е вистина.

„Не е вистина. Ние се знаеме долго време и сме добри пријатели, но немаме исти ставови“, додаде Хасани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *