Заев: На денешен ден, пред една година

  • By admin
  • февруари 11, 2021
  • 0
  • 790 Views

На денешен ден 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020, му припадна честа, во името на сите нивни претходници во пратеничките клупи, во името на сите граѓани, да го ратификуваат Договорот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. На јарболот пред Парламентот беше кренато знамето на НАТО на 30-тата земја-членка на НАТО.

Како дел од моќното НАТО семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. Сите ние, заедно, со поглед напред ја обезбедивме македонската иднина.

Демократското мнозинство постигна пресврт. За неполни две години после 27 април 2017 година, кога во истото Собрание застапниците на мракот и на политичкото насилие, оние кои сакаа моќ за своја лична корист, со насилство се обидоа да ги запрат демократските и прогресивните политички сили, поддржани од огромното мнозинство граѓани.

Со поразот на тие политички структури, креатори на „заробената“ држава, излеговме од длабоката политичка криза и државата ја вративме на патот по кој чекорат сите развиени демократски држави. Со тоа се афирмираше мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, за граѓанска, демократска република, земја на можности за сите свои граѓани – напиша Заев на фејсбук

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.