Металург во Полска со драстично ослабен состав

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 554 Views

Вечерва, околу 22 часот, Металург ќе отпатува за Полска, каде ќе одигра двомеч со полскиот вицешампион, Висла Плоцк, во рамките на групната фаза на Лига Европа.

За жал, поради бројни позитивни на коронавирус и повредени, Металург и на ова патување заминува со десеткуван состав. Патуваат 12 ракометари, но на првата средба не ќе можеме да сметаме на новото засилување Василије Калуѓеровиќ, кој ќе настапи само на вториот натпревар.

Во тимот на Металург, покрај искусните Дупјачанец, Маркоски, Ѓорѓески, Рниќ и Поповиќ, се и младите Серафимов, Калуѓеровиќ, Додиќ, Кофилоски и Митиќ, но и кадетите Петковски (16) и Брестовац (16).

Екипата на Висла Плоцк досега одигра пет средби во групната фаза, има максимален број на освоени бодови и ќе биде голем фаворит на двете средби со Металург.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 февруари, со почеток во 20.45 часот, додека реваншот на распоред е на 16 февруари, во 18.45 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *