Елена Велевска: Само они кои се продале веруваат дека сите можат да се купат

  • By admin
  • август 7, 2022
  • 0
  • 314 Views

Важи за една од најтаблираните пајачки на македонската музичка сцена, епитет што Елена Велевска секако го заслужува и оправдано го носи.

Кога станува збор за Велевска е познато дека што и да облече го носи со стил, па за неа важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ.

Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.

– Инаку јас сум започнала во кафеана и не се срамам да настапувам. Јас ги бирам местата каде ќе настапувам, а мојат цена ги ограничува местата каде да можам да пеам а каде не. Јас сум скапа пејачка.

Иако сега зема многу поголем хонорар и како што вели е скапа пејачка, Велевска својата пејачка кариера ја започнала во кафана и не се срами од тоа.

Нејзинот прв хонорар изнесувал само 400 денари, во едно прилепско место каде што пеела заедно со прилепска група кои ја поканиле, но веднаш после тој викенд откако го слушнале нејзиниот талент газдата сам ја поканил за хонорар од 800 денари.

Јас мислам дека тоа што можев најмногу да го достигнам како естраден уметник во Македонија и го достигнав повеќе од тоа и не може да се достигне во нашите услови.

Би сакала да го проширам пазарот да не ми е само во Македонија иако во Македонија можеби и најдобро се заработува, вели Елена во интервју за Магазин.

Периодов се соочуваме со рапи дно зголемување на цените на буквално сите продукти, па голем дел од граѓаните се дојдени до степен на преживување.

Меѓутоа, за естрадните уметници и угостителските објекти нема застој во работата и покрај поскапувањата, па во дел од разговор за Бекстејџ Велевска кажа дали мисли даго зголеми нејзиниот хонорар.

– Јас би сакала да поскапат цените на моите услуги. Се наоѓавме долго време во еден тежок период каде што мн е тешко сега да се форсира на повисоки стандарди кога угоститеелите беа засегнати од целата ситуација, а нашиот однос е меѓусебен.

Се надевам дека кога ќе дојде вистинско време за покревање на услугите ќе си покаже самиот живот, вели Елена Велевска за Бекстејџ.

Велевска е доста активна и на социјалните мрежи, па така беше и неодамна кога на својот инстаграм профил сподели фотографија на која што пишува:

Само они кои се продале веруваат дека сите можат да се купат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *