Д-р Шопова: Дали воопшто знае некој во државава кој е и што му се задолженијата

  • By admin
  • април 5, 2021
  • 0
  • 5951 Views

Докторката специјалист инфектолог од Клиниката за Инфективни болести во Скопје, Жаклина Шопов синоќа се огласи преку својот профил на фејсбук и напиша:

Кога обичниот човек ќе го спаси лекар кој нема звучно име и презиме, но направил се што е во неговата моќ дури и повеќе од што можел во такви услови, тогаш од свој колега доктор, но кој е на позиција градоначалник ќе биде осу дуван дека погрешно постапил.

Што е уште почудно сите институции кои требало да помогнат, поготово затоа што сеуште сме во кри зна состојба, изнаоѓаат некакво оправдување дека тоа не е во нивни ингеренции.

Па и претседателот на државата вели дека требало да се обавести ар мијатата за помош , како би ги вклучила своите обучени вој ници за таква интервенција!!!

Дали воопшто знае некој во државава кој е, што му се задолженијата,кога и како треба да постапува или само профитерството е нај, најважно!?.

Го слушам и колегата Караџовски со какви небулози ни соопштува зошто баш сега ќе воведеме поригорозни мерки( ги следеле параметрите последните 2 недели и истите имале тенденција на пораст!!!)

Алооо цела Европа е во карантин многу поодамна , а ако анализиравте правилно и ако воопшто мислевте и на народот и на здрав.работници и вие ќе го следевте примерот на Европа …но треба да се профитира , да се одвлекува вниманието.

А сега да прашам јас, како обичен граѓанин: каде е хелихоптерот со кој треба да се интервенира во вакви услови и кој г- динот Зоран Заев го користи како превозно средство!?

Каде се и моторите со кои тој и г-динот Филипче се возат и се фотографираат!?…кога веќе било тешко и трактор да прати почитуваниот градоначалник, за да не се транспортира пациентот во импровизирана носилка , како ран етите на Неретва!

Па нели бесплатно здравство, здравје за сите, живот за сите ветивте почитувани господа!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.