Д-р. Цана од Инфективна во Скопје: Новите мерки, како и претходните се задоцнети

  • By admin
  • август 17, 2021
  • 0
  • 2593 Views

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обл ожувалници, каз ина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2,

Односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната бол ест КОВИД-19, сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Македонија.

-За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се посочува во соопштението од денешната владина седница.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата, како што се наведува, ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Докторот инфектолог Фадил Цана од клиниката за Инфективни болести вечерва за ТВ 24 даде изјава во која кажа:

„Неколку дена веќе немаме ниту едно слободно место и пациентите се препраќаат во други болници кои се назначени од министерството. Тие што доаѓаат кај нас се реалтивно во те шка форма.

Веќе сме во четврти бран, категоријата на возрасната група, нормално има помлади, но доминира кај постарите. Имаме и пациенти кои се вакцинирани. Но тие се со полесна клиничка слика.

„Од почетоко на пандемијата пред 2 години па досега секогаш мерките секогаш имало научни нелогичности. Така и во овие мерки од моја гледна точка некои мерки се стварно нелогични.

А тоа дека се задоцнети, па секогаш и биле задоцнет, од почеток, па така и овие последните. Ако гледаме од онаа поговорка – Подобро некогаш, отколку никогаш, мерките до некаде би донеле некој резултат, но дали е тоа навремено, не знам да кажам зошто самите бројките на пациенти е се поглем и поглем

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.