Д-р Сашко Николов се потсети на зборовите на Чепреганов кои сака засекогаш да остане запаметени

  • By admin
  • август 7, 2022
  • 0
  • 379 Views

Поранешниот градоначалник на Штип и воедно угледен доктор,нтервентнио кардиолог Сашко Николов на својот профил на фејсбук попладнево напиша:

“Како следбеник и почитувач на сентенцата дека „умот царува, а моќта и снагата владеат“, живеам со енграмот на енергијата на најмоќната променада низ цивилизациските психо-емотивни и интелектуални основи и смислата на животот:

Да живееш и да постоиш значи да учиш, да работиш, да твориш, да креираш, да почитуваш, да те краси емпатија, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психо-профил со богат резервоар на знаења и инкорпорирани норми во совеста на своето Его.

Живеејќи со овој афоризам, како граѓанин на мојата сакана земја во моите интер-контакти и социјална когниција имам голема почит кон личностите со високи професионални вредности, со инкорпорирани социјални, морални, етички и ду ховни норми и кодекси.

За таква личност го сметам мојот драг и почитуван колега Сашко Николов, професионалец, со богатство на знаења во својата професија, вреден, исполнителен, одговорен, организиран, секогаш спремен да ве сослуша и да помогне.

Немам никаков сомнеж, познавајќи ги и ценејќи ги неговите способности, дека ќе даде се од себе за да му помогне на својот град и на своите сограѓани за иднина со квалитетен живот.”

Посвета од мојот, нашиот, но светски штипјанец Проф. Д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар

П.С. нешто што сакам засекогаш да остане запаметено во моите мозочни гири. Вечна слава професоре

За потсетување пред извесен период овој свет на 86 години го напушти угледниот Проф. Д-р Методи Чепреганов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *