Д-р Каревски: Барем да имаше некој да им каже дека ова ќе се случи сигурно ќе беше поинаку

  • By admin
  • април 4, 2021
  • 0
  • 1342 Views

Во Македонија за жал не стивнува третиот бран на вирусот откако и вчера беа регистрираи голем број на новозаразени и почи нати.

Како што е познато во претходното деноноќие забележани се 1.394 нови случаи од 4.920 тестирања, или 28 отсто од тестираните се позитивни. Вкупно поч инаа 45 лица, а оздравеа 479 пациенти. Во моментов бројот на активни случаи во државата изнесува околу 22 илјади.

По завчерашниот највисок број (50) загубени животи во 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати.

Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, рече тој, но дури и сега има слободни кревети и ниеден пациент нема да остане без соодветна лекарска нега.

-Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и стра шни манифестации на белите дробови какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе

Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат, рече Филипче.

-Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети, дури и сега, изјави Филипче .

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1684 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти, во Штип 86, во Велес се лекуваат 97 болни, во Куманово 96.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 138 , во Струмица 87 пациенти, Кавадарци 79. Во другите градови има помалку хоспитализирани.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на по чинати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553. Најмногу активни случаи има во Скопје 10613, Прилеп -1130, Куманово – 1047, Битола – 981, Охрид – 876, Велес – 818, Кавадарци – 749.

Докторот Александар Каревски, познатиот ортопед хирург од Градската општа болница „8 Септември“ на својот профил на фејсбук сподели:

Барем да имаше некој да им каже дека ова ќе се случи… Напр. Некој Професор од Битола кој до број би ги погодил бројките, истакнати епидемиолози да излезеа на телевизија, лекари од ковид центрите да ги предупредеа. Сигурно ќе беше поинаку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.