Се враќаат голем број линии на Визер од и до Македонија, како и чартери на дури пет авиокомпании

  • By admin
  • април 4, 2021
  • 0
  • 1076 Views

Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава на полски ЛОТ, пренесува Телевизија 24.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Во исто време најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании. Ваквите најави се очекува да го зголемат бројот на патници, којшто, како и во минатата година по стартот на пандемијата, така и во првите два месеца од годинава бележи пад од 70 проценти во однос на истиот период лани.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Сепак, натамошниот развој на воздушниот сообраќај ќе зависи од одлуките на владиите поврзани со ковид-панде мијата.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Бројот на дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во зимскиот распоред на летање беше 22, а сега авиокомпаниите најавија вкупно 41 редовна дестинација, што, како што велат од ТАВ, значи дека повеќето од линиите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот, сега се враќаат.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Покрај редовните авиолинии/дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, пет различни авиокомпании најавија чартер летови од Скопје до Анталија во Турција, почнувајќи од мај до октомври. Тоа се Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Корендон ерлајнс, Сан експрес и Фрибрд ерлајнс.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Сепак, укажуваат од ТАВ Македонија, поради крајно неизвесното деловно опкружување во авиоиндустријата, кое е како резултат на брзите промени во политиките на различни земји за влез на нивно тло.

А кои се прават поради ковид очекуваме можни промени во фреквенциите на летовите на најавените дестинации, како и можни откажувања на некои од најавените дестинации од скопскиот аеродром, исто како што се случуваше и минатата година.

Поради ова, апелираат до сите патници, редовно да проверуваат со нивната авиокомпанија, дали е направена каква било промена на редот на летање во врска со одредена дестинација од скопскиот аеродром, и тоа да го прават дури и откако ќе ги набават авиобилетите, сè до моментот на нивното патување.

Во однос на враќањето на намалените дестинации, како што наведуваат, најавено и ставено е во нивниот распоред, враќањето на голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава, на која лета полски ЛОТ.

Авиолинијата Скопје-Атина, со Ејџиан ерлајнс, веќе е вратена на редовниот распоред на летови, од февруари годинава.

Пад од 70 отсто на бројот на патниците во јануари и февруари оваа година, споредбено со истиот период лани.

Во однос на тоа работата на аеродромот една година по панедмијата, како што посочуваат, за жал, во првите два месеца од годинава нема напредок во поглед на патничкиот сообраќај. Има пад од 70 проценти на бројот на патници и на 55 проценти на бројот на летови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *