Д-р. Злате во скафандер и визир и овој Велигден – упати моќна порака од ковид центарот

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 1367 Views

Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 1.102 пациенти со ковид-19, а од нив 465 се во Скопје и 637 во другите градови. Утрово, според Министерството за здравство, имало околу 740 слободни болнички кревети од кои 291 во Скопје.

о скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а од нив 6 биле примени на Интерните и хируршки клиники, 13 во ГОБ 8 Септември, а 6 на Инфективната клиника.

Во Козле нема нови примени болни, исто како ни во Институтот за физикална медицина, а два примени имало на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 176 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти.

Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти, на Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид-19 вирусот и 2 мајки, на ГАК има 3 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 18 болни.

Во однос на болниците во другите градови, најмногу ковид-пациенти има во Битола-87, во Охрид 75, па во Велес, Струмица и Куманово по 72.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, Во ковид-центарот во Прилеп има 56, во ковид-центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во Кочани има 25, во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни

Докторот Злате Мехмедовиќ од Скопје се огласи денес на фејсбуку и напиша:

Минатиот Велигден ме пречека со празни улици. Тогаш за првпат облеков скафандер, ставив визир и го поминав денот прегледувајќи во хотелите за карантин. Не беше последен таков…

Овој Велигден во Ковид центар, повторно скафандер, визирот заматен, погледот јасен, срце исполнето, се чувствува Божјата благодат, зошто Бог е со сите нас во нашите стр аданија и ни дава сила да издржиме.

Да бидеме благодарни за секој нов ден, и да се обидеме да бидеме подобри луѓе од оние коишто бевме во денот што помина. Да се чуваме едни со други!

Секое з ло згаснува, и доброто блеснува ако имаме мир во душата, верба во Бога, љубов и радост во срцето, почит и разбирање. Христос Воскресе. Нека е за многу години!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.