Состојбата со вирусот бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати, пишува на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време.
Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.
Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.
Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, пишува Филипче.
Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија е мошне активен на социјалните мрежи со своите совети, а така беше и овојпат.
Тој реши на својот профил на фејсбук да објави уште еден статус во кој стави во прилог линк за она што го напиша:
Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат пробиотиците јас би додал само природни!!!
Витаминските суплементи, Д витаминот, Омега-3, ако воопшто имаат улога во превенцијата и исходот од Ковид-19, ИМААТ САМО КАЈ ЖЕНСКИОТ ПОЛ.
Почитувани претставници на појакиот пол, најдобра заштита која Вие можете самите да ја направите, за да намалите еден значаен ри зик фактор за развој на тежок облик на Ковид-19, Е ДА ГО НАМАЛИТЕ ОБЕМОТ НА ВАШИОТ СТРУК <105 цм.За дамите <80 цм.
А тоа што државата мора веднаш да го обезбеди, веќе го знаат и децата, вакцина за секого.