(ФОТО) Ќерката на Премиерот Заев слави роденден – мама Зорица со уникатна честитка за Александра

  • By admin
  • април 26, 2021
  • 0
  • 4773 Views

Зоран Заев, актуелниот Премиерот на наштата држава без сомнение е политичка фигура број еден во моменот, секако во очите на целокупната јавност во Македонија.

Како и за многумина познати лица од јавниот живот, така и за политичарите, обичниот човек сака да дознае нешто повеќе од нивниот приватен живот.

Општо познато е дека Зоран Заев важи за доста опуштен лик кој често знае да излезе од протоколарните говори и да ги насме и орасположи новинарите, но и граѓаните.

Познато е дека Заев е фамилијарен човек и е во брак со сопругата Зорица со која имаат две деца. Ќерката Александра и синот Душко.

Ќерката во моментов е студен по медицина во соседна Бугарија, поточно Софија, додека синот Душко живее во Струмица и е средношколец.

За Душко е познато дека и тој како и татко му е љубител на мотори за што сведочат фотографиите што ги објавува и самиот Заев.

Во едно интервју, Зоран Заев изјави дека неговата сопруга Зорица е онаа која што повеќе време поминува со децата и се грижи за нив, а како пример ги наведе и родителските средби на која што оди таа.

Александра својата убавина ја наследи од својата мајка, а на нејзиниот шарм никој не е рамнодушен.

Денес првото дете на Зоран и Зорица Заеви има посебна причина да слави, а тоа е нејзиниот роденден.

Честитките започнаа да пристигат уште по полноќ на социјалните мрежи, а прва и доста оргинална беше онаа од мама Зорица.

Таа објави меме со кученце под кое стои текст во која се вели: Кога си собирал пари од роденденот, а мајка ти вели: Дај на мама да ти ги чува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *