Дунавка и Ване Цветанов спремаат свадба – Мисицата откри каква ќе биде

  • By klaster3
  • мај 29, 2022
  • 0
  • 496 Views

Како што е познато манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов веќе екс претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се во брак.

Овој пар важи за еден од најпознатите на македонската јавна сцена со оглед на тоа што се луѓе од јавната сфера.

Цветанов беше на функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање те ризам.

Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција. Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Ване и Дунавка се привлечни за медиумите и публиката која како и за многу други познати јавни личности, сака да дознае нешто повеќе, пред се од приватниот живот.

Двајцата често на социјалните мрежи ја искажуваат својата љубов преку објави во вид на статуси и фотографии, а и често заедно патуваат.

По одлуката за разрешување Цветанов не се огласуваше во јавноста се додека преку својот фејсбук профил не сподели фотка со својата сакана Дунавка и напиша:Се за љубовта, па макар било и разрешување од државна функција.

Во емисијата Нешто конкретно на Телма ТВ, Дунавка даде совет како јавните личности и покрај не гативните коментари од околината и од луѓето да го зачуваат бракот или врската.

– Секогаш кога сакате да ја живеете вистинската љубов мора за тоа да се избор ите. Љубовта ако е од срце, ако е емотивна тогаш ке имате мир, ако имате мир со себе и со својот партнер тоа е основа за градење на се понаатму, објаснува таа.

– Пред брак сум имала милион удварачи и сум најозборуваната мисица, но ќе ви кажам која е тајната на Ване за да ме освои.

Ване кога сака да те освои он го знае точно што да направи без да те праша. И прстенот кога ми го даде во авион тој знаеше дека сакам тоа лето.

Беше баш ковид, негов другар му пишува порака дојдете во Турција, има куќа таму. Јас ја гледам пораката викам ајде да идеме тој вика не, нема шанси.

И после една недела ниту јас зборам ниту тој збори пошто уште се запознававме, нели не може директно, и тој сврте неколку телефони отидовме за Турција. Ване знае да биде директен, по таа црта е познат во јавноста, објаснува мисицата Дунавка.

– Свадбата е на 7ми август во Охрид, ќе се венчаме во Пресвета Богородица Перивлептос, црква која што јас многу ја сакам, а после тоа свадбата ќе биде на плажа, откри Трифуновска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *