Марјан Петровски или во јавноста попознат како диџеј Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш кажува се без влакна на јазикот.
Тој покрај музичката сцена, каде што ги полни клубовите и пушта музика доста е актуелен на сцоијалните мрежи каде дава свој ставови.
Исто така Диџеј Матс е човек кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребно.
Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.
Па така во време кога запра музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, а сега откако се олабавија мерките доволно време посветува и на музиката.
– Прво да кажам дека е многу тешко да се посвети исто вниамние и на музиката и на работата што ја работам, односно работата во болница, изјави од неодамна тој во едно гостување.
– Дневно и јас не знам по колку литри земам од најзначајната течност а потоа одиш на настапи. Еве на пример на настап сум до 4 часот по полноќ.
– Додека да си дојдеш каде и да си низ Македонија ќе те фати најмалку пет ипол. Јас многу малку спијам и фала Богу не ми пречи тоа.
– Потоа веднаш го фаќам велосипедот и правам рути, тоа е моја голема љубов, често споделувам фотографии на социјалните мрежи со него.
Овој пат Марјан се огласи на Инстаграм и спу ка кон одредена група на граѓани: Наполнивте по 40-50 години… И не научивте за пола живот дека памукчето после вадење кр в се фрла после 3-5 минути…
– И со него се шетате по саат време или со саати. А има и тавки што на 40-50 години прашуваат дали треба да се гладни за да испитат шеќер или маснотии.
– По еден хамбургер и секако еклер.. Па може да вадите кр в. Имајте убав викенд, стои во објавата на Марјан попознат како Диџеј Матс.