Кога некој би ми рекол дека јас, човек кој никогаш немал голема храброст, ќе замиме буквално на друг крај на светот немаше да му верувам.
Но ете, и јас сум уште една од многуте птици во јатото кои се иселија од родната земја. Сега имам 45 години и буквално среден живот. Воопшто не се каам затоа што сум заминал од дома и сум почнал нов живот иако сите околу мене се чудеа зошто заминав.
Уште како млад по завршувањето на факултет веднаш почнав со работа, прво како приправник а потоа напредував во својата професија. Работев државна работа за која денес малкумина се жалат.
Навремена и убава плата, одмор, секој празник слободен, уживав сè што можев. Не ни помислував да се селам. Имав девојка и планот ни беше свадба да правиме.
Арно ама, случајно се прелажав. Ме намами еден другар да заминам со него во Шведска, да видам каде и како живее и малку да му бидам гостин.
Навикнат на македонскиот начин на живот кога отидов таму бев воодушевен. Не можев да сфатам веднаш како се може да биде толку средено, толку уредно, чиста спротивност на Македонија.
Почнубајќи од уредувањето, културата на народот, патиштата, а да не зборуваме за институциите и редот во нив. Нема чекање на шалтер со часови или денови како тука, сè ти завршуваат за брзо.
За тие три месеци колку што седев успеав и работа да најдам. Премногу ми се засвиѓа земјата и си реков јас одовде не заминувам. Ќе ја земам и девојката кога ќе се средам, па да видиме и ние убав живот.
Нејзе не и беше сеедно, си имаше работа, но не сакаше да одбие сепак долго време бевме заедно. Тешко беше на почетокот дури се осамостоив со стан, кола, дури спремив документи, но потоа се ми беше како подмачкано.
Се опуштив, средив и ете веќе 8 години тука живеам. Не знам како да ви споредувам, не се споредува животот таму и овде. Единствено ми беше криво за моите родители, тие отсекогаш ме бодреа и сум ги слушал, но тие не сакаа да ги оставам и заминам, а јас не ги послушав.
Како и да е, тие се среќни затоа што и јас сум среќен и задоволен. Еве веќе неколку пати доаѓаа овде, ги шетавме, поминуваа време со нивните внуци кои им се бесценети.
Секој си го знае местото овде, функционалноста општо на системот е на ново, има беспрекорен ред. Е сега, се работи многу, но убаво се заработува и можеш се да си дозволиш.
Кога и да имаме слободни денови гледаме да ги искористиме за да отидеме некаде на прошетка. Не работиме на струка со сопругата за жал, но задоволни сме од платите досега и не се ни обидовме нешто друго да бараме.
Ги советувам младите луѓе доколку можат нека си ја бараат среќата надвор, да не дозволуваат да бидат замајувани од тоа дека кај нас сè функционира нормално и како што треба. Прошетајте малку низ другите земји и видете што навистина значи убав и мирен живот.
Обработил: А.С. Фото: Илустрација.
Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк