Ден кој буди емоции за Турунџиева: Јас се уште не го најдов тоа „време кое лечи се“

  • By admin
  • ноември 12, 2021
  • 0
  • 278 Views

Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка.

Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.

Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски.

Во текот на четирите години освојува вредни награди на републичките и сојузните натпревари по соло пеење, како: прва награда на републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, во 1985 година, како и прва награда на сојузниот натпревар во Белград по соло пеење, во текот на истата година.

Во 1987 година се запишува на ФМУ во Скопје, на отсекот по соло пеење во класата на професор Благоја Николовски. Во годините кои следат, Сузана Турунџиева повторно е добитник на вредни награди, и тоа: прва награда на Републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје во 1988 година, и трета награда на Сојузниот натпревар во Љубљана во истата година; прва награда на Републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје во 1991 година, како и прва награда на Сојузниот натпревар во Херцег Нови.

Во 1991 година, после дипломирањето на Ф М У, заминува во Австралија, на покана од К У Д „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење

– „Да пеам, да те натпеам“, каде ја освојува првата награда. По враќањето од Австралија, се запишува на постдипломски студии по соло пеење на ФМУ Скопје, и започнува да работи како професор по соло пеење и камерна музика во средното музичко училиште, Илија Николовски Луј.

Во периодот кој следува, активно се занимава и со естрадно пеење, каде покрај класичната, мошне успешно се испробува и во поп, џез, блуз, кабаретската и евергрин музиката. Паралелно со професорската дејност, Сузана Турунџиева работи и како хонорарец во Македонската радио телевизија.

Во Редакцијата за странска обработена програма. Од 1999 година, животот ја пренасочува во телевизиските води, и после поканата од А1 телевизија да работи на музички проект, насловен како „Мелодија“, таа останува во телевизискиот бизнис, сè до крајот, во јули 2011, кога телевизијата заминува во стечај.

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде.

Во далечната 2001 година батот на Сузана Туринџиева беше пронајден упо коен на 15 километри од својот дом меѓу градовите Кембрич и Кичинер во Канада. По исчезнатиот триесет и осумгодишен Панде Турунџиев канадската полиција безуспешно трагала речиси два месеца.

Сузе денес на својот профил на фејсбук сподели емотивен статус во кој што вели:

Денес се навршуваат 20 години,а јас сеуште не го најдов тоа “време кое лечи се“.

Истата бока, не мир и невидена празнина. Ме крепи само мислата дека можеби моето братче се наоѓа на некое подобро место од ова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *