Денко Космонаутко не бираше зборови за Борче: Еднаш се живее, но не само за себе

  • By admin
  • март 14, 2022
  • 0
  • 331 Views

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски или во јавноста познат како Денко Космонаутко на својот профил на фејсбук сподели статус посветен на Борче Стаменов од Донирај компјутер.

Борче Стаменов пошто си почнал да прајш ревјуа, еве едно и од мене.Ова ревју е за една од најубавите серии не само кај нас туку и во светот, серија со над 1000 епизоди и она што е убавото трае. И знам дека ќе трае затоа што ниедна епизода не здосадува, напротив секоја наредна само разубавува и развеселува уште повеќе.

Ова ревју е за серијата “Донирај компјутер”.До нашата прва средба читав за твоите, тојес вашите донирани компјутери. Читам, убавини во душава што има некој кој мисли на оние кои ете за жал не можат да си дозволат компјутер.

И си викам, баш би сакал да те запознаам, осеќам дека иако сме на различно трасирани патеки сепак сме на иста бранова должина со слична мисија и цел.

Алатките ни се различни но целта е иста – детската радост. А ти и тоа како знаеш да развеселиш и насмееш детски очиња, но и возрасни. Тоа го правиш така обично што дава уште поубав печат на серијалот.

Кога одев да ми ја дадат наградата Европеец покрај таа радост ми беше огромен кеиф што ќе те запознам. Ова искрено, најискрено. Се воодушевувам на тоа што го правиш, откако и лично те запознав уште повоодушевен за твојата бо рба и силата која ја имаш но најмногу за огромната хуманост и љубов што ги имаш кои безрезервно ги споделуваш.

Една за жал реткост во животов но ти сепак си ја разбрал суштината на животот:Еднаш се живее, но не само за себе. Помагај колку можеш но не за да ти биде возвратено, не за нечие оддолжување.

Бројката на донирани компјутери не само што е респектабилна туку е за секоја пофалба, идејата е нешто што ја добива човек чие срце со својата големина ги надминува овоземските граници. Уствари за тебе пријателе не постојат граници. Или што би рекле брача јенглези Дури ни скај изнат д лимит

Браво другарче, продолжи и понатаму на овој начин, а којзнае, можеби со тек на време ќе изнајдеш друг, позначаен, поефективен, но и ова не е мала работа.

А еден ден, кога ќе бидам дедо Космонаутко, кога внуците ќе ме прашуваат, абе дедо, кое време живееше ти, јас гордо, со широка насмевка ќе речам:

Во времето на Борето. Мажот!!!За крај на ова ревју ти посакувам десетици илјадници донации а јас да ти правам ревју и за 50 години, на мојот стоти роденден.

Браво за тебе, браво за твоите компањони во тимот. Браво за оваа серија која од срце на сите им ја препорачувам, но не само да ја гледаат туку и ако можат барем еднаш да бидат актери во истата.

Трета средба што побрзо. Ама во Кавадарци. Гуш и бац од Космонаутко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *