Демир од делчевско во солзи: Замислете на еден болен човек да му го земете единствениот приход, каква ли душа имаат

  • By klaster2
  • декември 21, 2021
  • 0
  • 555 Views

Демир Садуловски по дванаесетгодишна бор ба во болничките лавирнити ја изгубил својата сопруга, останал сам на цедило и без приход.

Семејството Садуловски целиот свој живот го поминува во делчевско Тработивиште. Во 2009 на Гана и е дијагностициран ра к на желудникот.

Сопругата Гана иако била на постела и ги живеела последните денови, сепак добила негативно решение за надоместок за помош и нега од друго лице.

„Замислете на еден болен пациент да му го земеш единствениот приход од 4.200 денари, да немаш лекови да си купиш, да немаш за еден сок, за ништо.

Каква ли душа имаат тие ? На болен човек да му ја земеш единствената волја, да го оставиш да проси за лекови. Таа имаше посебен третман на исхрана.

Таа мораше да има обемна храна, да има сокови, млеко, но јас што можам да и пружам со 10.000 денари пензија. Мораше да се опе рира.

Откако и ја открија бо леста, таа беше во напредна фаза, беше задоцнета и реакцијата од лекарите овде. Отидовме во Скопје, вели Демир за ,,Види Вака”

,Таму ја опе рираше можам слободна да кажам еден од најдобрите доктори на клиниката во Скопје, Александар Шунковски и сум му многу благодарен кој тогаш и го отстрани желудникот.

Приказната на Демир ни укажува на тоа дека скоро е невозможно да добиете термин и услугите од специјалистите во здраствените домови се на многу ниско ниво, вели Зоран Биковски од НВО КХАМ Делчево.

Луѓето се приморани да одат во клиничките болници во Штип или Скопје за кои е потребно многу повеќе пари, а и транспортот е ограничен бидејќи од тука нема автобус или нешто слично, додава тој.

Демир како корисник на социјална помош а сега како пензионер постојано бил покрај сопругата, кој вели дека сопругата не го заслужувала тоа ниту пак тој.

Во последниот период ова семејство често било на релација Трботивиште- Делчево- Скопје: Јас западнав во голема кри за до толку што неможевв да земам ниту кредит за да продолжи таа со лекувањето.

– Нека се замислат што прават, јас се задолжував. Знам дека нема да ја вратам, но тежината и бол ката остануваат тука и посакувам никој да не ја доживее мојата голг ота.

– Мене не ми беше важна негата, мене ми беше важна сопругата. Бев горд и имав друштво, сега немам ништо и сум изгубен човек, вели во солзи Демир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.