Дац сподели момет со дедо му Лучко кој по потекло бил Русин, а кој ќе го памети до крај на животот

  • By klaster3
  • ноември 6, 2022
  • 0
  • 220 Views

Драган Спасов-Дац, популарниот македонски театарски, филмски и телевизиски глумец во последно време е познат и како музичар.

Често е активен на социјалните мрежи каде знае да сподели по некој момент од приватниот живот, но и да напише мудра мисла ил истатус со кој ги воодушевува неговите пријатели. Така и овојпат сподели приказна поврзана со неговото детство.

Мојот дедо по мајка, Александар Лучко, Русин по потекло беше посебен интелект и многу начитан човек.Офицер потп олковник арти лерец.

Мојата мајка и моите тетки велат дека кај нив владеела војн ичка дисциплина и дека дедо ми бил строг се додека не се родило првото негово внуче, тоест јас.

Можеби дека после четири ќерки добил машки потомок, а можеби веќе му било време да смекне и да ја закачи на клинец офицерската шапка.

Бев многу галено дете. Баби, дедовци и тетки се натпреварувале кој што да ми угоди. Многу сакав да слушам приказни кои ми ги раскажуваше баба ми Донка и мислам дека благодарејќи на неа мојата фантазија е толку бујна.

Но, дедо ми ми раскажуваше вистински приказни, приказни за месечината, за ѕвездите, сонцето и сончевиот систем и долго, долго јас после секоја приказна го прашував за небото, внатрешноста на земјата, за вулканите или за анатомијата на човечкото тело.

Една таква приказна која до ден денеска ме возн емирува е приказната за летот во вселената на кучето Лајка. Лајка била куче скитник и неслучајно била прибрана од некоја Московска улица, затоа што кучињата скитници биле поотпорни од домашните кучиња.

Името Лајка го добила затоа што многу лаела, па ја нарекле Лајка, но секогаш лаела од среќа. Инаку првото име и било Кудрјавка (Кадрава).

Била со уште две кучиња во центарот за обука и била многу питома, па изборот паднал на неа. Имала околу три години и се верува дека била мешанец од хаска и териер.

Дента пред лансирањето на Спутник 2 еден од научниците ја однел дома да си поигра со неговите деца затоа што знаел дека Лајка има карта само за еден правец. Спутник немал програм за враќање на земјата.

Лајка по чинала околу седум часа од лансирањето како последица на стре с и голема топлина. Таа поч инала но на човештвото му дала многу одговори за вселената и живите суштества кои потоа ги користеле за човечкиот екипаж.

На денешен ден 3 ноември 1957 година, Спутник 2 и Лајка биле лансирани во вселената…Лајка е мојот херој од детството и секогаш кога ќе се сетам на неа ме обзема та га и ја чувствувам топлината на дедо ми кога се пикав во него после приказната раскажана по стоти пат, за да не види дека плачам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.