Данче: Овој мојот отиде горе во Германија, кога виде како е занеме

  • By admin
  • април 19, 2021
  • 0
  • 7681 Views

Ех, кога само ќе ми текне колку од моите пријателки и сосетки ми завидуваа и зборуваа како демек ќе станеме богаташи во маалото. Ќе сме имале големи плати, ќе сме ја реновирале куќата, ќе сме купеле нова кола.

И зошто? Затоа што мажот ми од зорт мораше да замине во Германија на работа. Ме остави со две деца за да заработи пари за живот, за да имаме пари да ги школуваме и израснеме.

Но, на озборувачките од страна им се чинеше од лакомост за пари, да се чувствуваме богати, го правеше тоа. Најголем дел од иселениците ќе ме разберат, знаат дека се оди во странство на работа само за да не се крпи крај со крај, а не за луксуз. Секоја чест за тие што можат сè да си дозволат.

Тони мој мораше да замине од мака за пари. Јас останав да си работам во конфекцијата и покрај тоа што пријателките зборуваа дека немало потреба сега да работам, ајде и јас ќе сум заминала кога ќе ми спреми документи.

Е така е кога не разбираш дека не е се толку лесно. Си знам јас како ги поминав деновите без сопруг, сама се грижев и за деца и за куќа и за неговите родители.

Тони ја напушти работата како градежен работник тука и замина да рабори во Германија, секако за поголема плата за разлика од тука. И навистина беше многу загреан.

По кажувањата од некои пријатели и роднини дека таму се заработуваат многу пари, дека се е во најдобар ред и тој се одлучи да оди. Во првите денови не престануваше да се фали.

Веднаш почувствувал разлика во однос на животот таму и тука. Поинаква средина, има ред секаде, луѓето културни навистина немаше лош збор. Арно ама, како што минуваше времето едвај ни се јавуваше еднаш дневно и тоа премногу уморен, за да ни раскаже како му минал денот. Почна да се жали, имало премногу работа, по цел ден работеле на секакво време и премногу се уморувал.

Е така ти е мажу, сакаш пари, но мораш многу да работиш за да ги имаш! Дури и слободниот ден што го имаше го искористуваше само за да одмори во станот.

Никаде не одеше за разлика од неговите предвидувања дека ќе шета низ Минхен, Берлин, ќе оди во Келн, па и нас ќе не однесе некогаш. Ништо не му се оствари. Само работа и работа и нула време за шетање.

Почна да прави споредба како немало таму излегувања како тука, ја нема таа слобода како кај нас. Од работа не смееш да ескивираш и да забошотуваш, се знае работното време и даваш се од себе за да сработиш. Виде не виде, се врати.

Не го интересираше дека излезе неработник во олите на луѓето. Не можеше да издржи на тоа темпо. Ги сакаше парите, но повеќе од 8 месеци не остана, а мислеше и нас да не пресели.

Ете го сега, почна да оди само сезонски, на три месеци оди и се враќа, па тука во меѓувреме оди на градилишта каде што има потреба од работник.

Можеби да беше помлад ќе имаше желба да остане и да работи, излезе дека попусто се фалеше пред луѓето оти има многу пари, кога парите на дрво не растат таму.

Предизвика само повеќе муабети од соседите дека не бил храбар да остане и да работи. Ама ајде, негова одлука е како сака така нека прави, имаме пари колку да се преживее.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.