Познато во кој временски период и од каде може да влезете од Македонија во Грција

  • By admin
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 829 Views

Во соседна Грција Грција денеска и утре се очекуваат да пристигнат над 150 меѓународни летови на 14-те регионални аеродроми, со ова официјално ќе стартува туристичката сезона.

„Го креваме сидрото“, изјави министерот за туризам Харис Теохарис, откако и официјално ја прогласи летната сезона за отворена.

„Ги оставаме зад нас мрачните облаци на стр ав и несигурност. Странските туристи едвај чекаат да се вратат во нашата земја, желни за сонце и тиркизни води“, кажа Теохарис.

Првите 40-ина авиони со странски туристи треба да слетаат денеска, а за утре се најавени уште 110.

Минатата година, Грција забележа пад на посети од 78,2%, од рекордни 34 милиони гости во 2019 на само 7,4 милиони. Грција се надева дека летово ќе успее да постигне половина од посетеноста од пред две години.

Македонските граѓани повторно може да патуваат во Грција. Засега границата се минува само преку преминот Богородица – Евзони. Но, за да може некој да оствари влез кај јужниот сосед мора да исполнува и одредени услови.

За протоколот и потребните документи заедно со одлуката за отворање на границата биле известени и македонските погранични служби.

„Влез нашите државјани ќе може да остварат доколку имаат пополнето 24 часа претходно ПЛФ електронска најава за влез во Република Грција.

Второ, треба да имаат валиден ПЦР тест не постар од 72 часа, или сертификат за извршено вакцинирање со поминати 14 дена од второ вакцинирање.

Деца над 5 годишна возраст подлежат на ПЦР тест, значи им е потребен ПЦР тест“, вели Јасмина Аврамска – Комадир на ГП Богородица.

Според моменталните правила граничниот премин Евзони за влез во Грција ќе работи од 6 часот наутро до 22 навечер по македонско време.

„Првиот ден од како беа кренати рампите на граничниот премин Евзони помина без вообичаените гужви. На македонскиот премин Богородица во текот на целиот ден беа регистрирани само околу педесетина возила со македонски државјани кои се упатија кон јужниот сосед“.

Малиот број граѓани кои денеска одлучија да влезат во Грција велат дека ги знаат протоколите и ги имаат потребните документи.

Моменталните правила за влез во Грција ќе важат до идниот понеделник, по што според одредени информации најверојатно тие ќе бидат олеснети.

За прекршување на мерките во конкретната министерска одлука предвидени се парични ка зни од 500 и 5.000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *