Груевски: Сакаме да ги зголемиме цените за дрва, сегашните се неисплатливи

  • By admin
  • август 16, 2022
  • 0
  • 380 Views

Се чини огревното дрво не било никогаш побарана како во моментот. Во таа насока оди и тоа што голем број граѓани со месеци никако не можат да дојдат до него.

Како одминува летото и се ближат пониски температури, така се повеќе владее неизвесност и нестрпливост кај граѓаните за тоа дали ќе имат на што да се греат.

Национални шуми од Владата бараат повисоки цени на огревното дрво, а тоа во разговор за Гласот на Америка го потврди в.д. директорот на претпријатието.

„Овие цени за Национални шуми во овој момент не се финансиски исплатливи. Со овие цени ние работиме со загуба“, вели Валентин Груевски, в.д. директор на Национални шуми за Гласот на Америка.

Според нивниот тарифник, метар кубен од дабово дрво за огрев е 2.900 денари. Барањето е цените да се зголемат за 20 отсто.

„Сакаме да има зголемување, бидејќи цените на сите енергенси отидоа нагоре. Имаме доставено барање до Владата. Ние сме јавно претпријатие и уште не сме добиле одлука за зголемување на цените“, додава Груевски.

Тие годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000м3 повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва.

„Граѓаните се пла шат и се создава ст рав дека можеби ќе нема струја, па тие што никогаш не користеле дрво, сакаат да набават. Дел од тие што набавувале одредена количина на дрво, извештаите се дека сакаат да земат дупло повеќе дрво. Во тоа може да настане одреден проблем во однос на тоа дали ќе има или не“, истакнува Груевски.

Сепак, првиот човек на Национални шуми, додава дека за претстојната грејна сезона ќе има доволно дрва. Од нивните складишта може секој да набави, но листата на чекање не е мала.

„Имаме склучени договори со здружение на пензионери, со училишта, градинки. Тие си имаат приоритет. Тие дрва се плаќаат на рати. Осумдесет, деведесет отсто се платени и ние како Национални шуми мораме тоа да го испочитуваме“, посочува првиот човек на Национални шуми, а во целот неговото интервју може да се проследи на Гласот на Америка на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.