Груевски не можеше да ја премолчи денешната одлука: Излегоа работите на виделина

  • By admin
  • декември 22, 2021
  • 0
  • 522 Views

Никола Груевски вечерва повторно се огласи на својот профил на фејсбук и имаше што да каже:

Денес во судот излегоа работите на виделина со несоборливи докази од кои се гледа дека немам префрлено ниту едно евро на фирмата која купила земјиште од 11 илјади метри квадратни на Водно. Ниту пак било кој од земјата го направил тоа. Да потсетам дека токму за ова ме терети обвинит елството.

Денес е објавено и презентирано вештачењето на трансакциите, сите уплати и исплати на фирмата Сирах Лимитид од Белизе со сметка во банка во Кипар, земја членка на ЕУ од 2004 година и членка на еврозоната од 2008 година, а поврзано со предметот “Плацеви Водно”, со кое се докажува валканата конструкција која власта и обвини телството ја правеа за наводно од мене купено земјиште од околу 11.000 метри квадратни на име на фирма Сирах Инжињеринг- Скопје, чии сопственик е токму фирмата Сирах Лимитид.

Уште поважно е што вештачењето е направено на база на прибавени документи и докази добиени од меѓународна правна помош која писмено ја барало и ја добило самото обви нителство и согласно законот, ја споделило со судот и со одбраната без самото да направи вештачење на истата.

КЛУЧНАТА ВЕСТ во ова вештачење е дека НЕ 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА, ТУКУ НИ 1,3 ДЕНАРИ ОД МОЈА СТРАНА НЕ СЕ УПЛАТЕНИ на фирмата која го купила земјиштето на Водно и нејзиниот оснивач.

Се покажа дека не постои ниту едно правно или физичко лице од Македонија кое префрлило пари на фирмата Сирах Лимитид со банкарска сметка во Кипар, ниту пак лице кое е поврзано со мене, до моментот кога истата не го продала земјиштето.

И што е најинтересно обвин ителката немала никаков приговор на овој дел, што всушност бил и единствен нејзин избор кога се презентирале фактите со докази.

До сега обвини телството без никаков доказ тврдеше, поточно лаж еше, а медиумите блиски до власта тоа го ширеа со сите сили, дека јас сум земал пари од партијата и сум го купил тоа земјиште преку фирмата Сирах Лимитид и нејзината фирма во Скопје Сирах Инжињеринг.

Има уште многу детали околу ова, но сите во правец на целосно демонтирање на обвинит елниот акт.

Не мислам дека е случајно што обвинител ството не направило свое вештачење пред да отвори обвинение. Тие го знаеле исходот, знаеле дека така ќе им пропадне конструкцијата па преминале на уцен ување лаж ни сведоци, иако и таму немаат доказен матерјал бидејќи дури и нивниот најважен сведок Александар Ивановски кажал дека пари од мене не примил.

И дека преостатнатиот имот од обвинението го купувал со свои пари ама мислел дека еден ден ќе ми го продаде тој имот, бидејќи трето лице така му рекло, а тоа трето лице пред судот го негира тоа дека така ми рекол.

Истиот кажал и дека до куповањето на тие два стана и земјиште од 2.700 метри квадратни со мене не се запознал лично, но потоа иако неколку пати сме се сретнале за сосема други прашања, никогаш не ми кажал за тоа дека купил имот кој му било кажано дека јас ќе го купам понатаму ниту пак побарал да го обештетим за тоа, а во 2018 година кога веќе немам никаква функција и кога сум веќе под тежок политички пр огон и веќе со една првостепена пресуда, потпишал договор со мене за изнајмување на тие два стана.

Кога би имале независно обвини телство и нормална држава, кога не би постоел политички про гон, сега обвин ителството би го повлекло обвинението.

Но, со обзир дека независно обвинит елство не би ни отворило вакво обвинение, сигурно нема да го направи тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *