Готвачи и келнери ниту за видик иако се нуди ,,докторска” плата

  • By klaster2
  • јуни 7, 2022
  • 0
  • 360 Views

Откако се смири ситуацијата со вирусот, која ги доведе до работ на исчезнување, угостители доживеаја нова проблеми бидејќи не можат да најдат работници,

Без разлика што нудат повеќе од пристојни плати. На влезовите на кафулињата, локалите и хотелите со месеци има огласи со понуди за работа, но готвачи и келнери ни за лек.

Татјана Миќиќ, менаџерката на познатт хотел во Хрватска, истакнува дека има голем недостаток со работниците, иако се нудат ,,докторски плати”

– Ситуацијата е исклучително тешка, персоналот го држевме на платен список и за време на короната иако не можевме да работиме, а сега одат во земји кои им нудат подобри плати, мислам пред се на западните земји.

Нашиот оглас за угостители е актуелен шест месеци, дојдоа само десетина луѓе, некои беа на мал период но сепак решија да заминат во странство на сезонска работа.

Тоа е голем проблем, има многу фактори кои доведоа до недостиг на работна си ла во оваа професија. За време на епидемијата, многу одлични келнери и готвачи решија да се занимаваат со друга работа и сега не сакаат да се вратат.

Се обидовме да ги убедиме, понудивме добри услови и уште подобри плати, но тие сметаат дека угостителството и туризмот се несигурни дејности.

Плаќаме 60.000 денари за помошни келнери, нивните поискусни колеги и повеќе, а за готвачите да не зборуваме, тие се во рангот на докторски плати – објаснува Миќиќ.

Со истиот проблем се соочува и Синиша Станковиќ, сопственик на кафуле: Сметам дека недостигот на работници сега е проблем во сите дејности, но мислам дека најлошо е во угостителството,

Особено во летните месеци кога млади и стручни луѓе одат во странство да работат за пари што не можеме да им ги дадеме овде.

– Два месеци барам готвач, ретко кој се јавува и ми бара плата од најмалку 120.000 динари, па решив уште да не ја отворам кујната.

Моментално вработувам шест работници и ми требаат уште најмалку тројца, плус кујна. Не знам до кога ќе можеме да го издржиме ова, целото мое семејство работи тука без одмор само за да преживее – жали Станковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *