Горанчо од Кочани живее во барака и вели: Заборавам и да јадам, институциите немаат слух за мене

  • By klaster2
  • јуни 5, 2022
  • 0
  • 629 Views

Горанчо Коцев од Кочани имал тешко детство и судбина. Неговиот татко не го сака како останатите деца. По заминување од овој свет на родителите, неговиот брат присвојува се а Горанчо останува под отворено небо.

Тој целиот живот го поминува во Кочани во семејство од пет браќа и две сестри. Денес тој живее во импровоизирана просторија која повеќе личи на подрум отколку на дом.

Мора да се наведнеш за да влезеш во неа. Примањата од пет илјади денари не се доволни да го помине ниту пола од месецот а камоли нешто повеќе.

Нема каде да одржува хигиена ниту каде да се храни. Па често во денот останува и гладен. Тој живее од милостината на познаниците.

Познаници кој можат да се изборјат на прсти од едната рака, а роднините одамна му завртиле грб. Ноќите знае да ги мине и под отворено небо.

Разо чарен е од роднините. Имал поддршка само од неговата мајка која од ваквиот живот заминала на другиот свет прерано, а од таткото не наследил ништо.

– Овде сум од 2017 година, по упоко јувањето на татко му. Едниот брат кој е со посебни потреби го однесоа во Србија со цел да му ги земаат парите што ги зема како додаток.

– Јас останав осамен. Мајка ми не можеше да го издржи сето тоа што се случуваше, јас бев до нејзе во последните моменти.

Старите рекле каде е најтенко таму се кине, но Горанчо тврди дека по жарот во неговата просторија бил подметнат од човекот што купил куќата каде што претходно живееле, бидејќи Горанчо не сака да му го даде просторот во кој сега живее.

Често останува гладен, но и одбиван е и од социјалното како и од некој други служби кој немаат слух за неговите проблеми.

– Јадам еднаш во денот, но често заборавам и да јадам, пред некој период бев изигран од еден човек, кој ја искорити мојата лична карта а јас тој месец останав со половина приход од додатокот.

Доколку сакате да му помогнете на Горанчо да излезе од црнилото и да се крене во неговиот живот тоа може да го направите на телефонскиот број 076 871 956 или на трансакциската сметка 210501617273677 НЛБ Банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.