Наумче Мојсовски откри кој сопартиец смета дека е најсамобендисан

  • By klaster3
  • јуни 6, 2022
  • 0
  • 372 Views

Наумче Мојсоски е поранешен ракометар и репрезентативец, роден на 17 јуни 1980 година во Струга, а сега е актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт.

Почнал со пливање, со фудбал, за од свое петто одделение дефинитивно да се насочи во ракометот. Тој е дете родено покрај езерото, 18 години игра за репрезентацијата на Македонија.

Почнувајќи од Струга, Пелистер, Шпанија, Франција, Вардар, Металург, оди во Романија и пак се враќа во Македонија, за конечно да го остави спортот и да се префрли во политиката. година и 4 месеци е директор на агенц за малди и спорт.

Мојсоски е еден од најпознатите македонски ракометари, беше член на златната генерација која во 2012 го освои петтото место на ЕП во Србија, а во клупската кариера има настапувано за Лехвија, Ла Риоха и ЧСM Букурешт, каде што ја заврши кариерата, а во Македонија беше член на Металург, Вардар, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари. По пензионирањето, беше прв човек на Струга, а активно „влезе“ во политиката како член на СДСМ пред претседателските избори кои се одржаа минатата година.

– Фотелјата е тесна, не било така лесно. Ракометот го работев од срце од душа, ова е нешто друго, не си само во ракомет, туку во цел спорт во Македонија.

2021 беше најуспешна година од нашето осамостојување. се надевам дека ќе продолжиме во тој правец и ќе имаме успешни спортисти, пред се млади спортисти, а после и медалисти олимписки, вели Мојсовски.

Во музичката емисија 7/8 зборуваше за причините поради кои се нафатил да биде дел од политичката сфера, за неговите аспирации во спортот, но даде свое мислење и на други интересни прашања.

– Не е класична политика, туку политика во спортот. Сакав да помогнам. Некои работи во моето време кога играв ракомет што мене не ми се свиѓаа и на моите колеги кои дефинитивно беа ано малии во спортот затоа се нафатив – сакам да ги исправам.

Веќе многу работи се поправени и се надевам дека младите ке имаат подобри услови за тренинг, за спорт. Некои работи кои нас ни се направија како не правда, 18, 20 годишен репрезентативец – 0 денови стаж, тоа не е некако океј така што се надевам еве законот е при крај и тоа да се исправи.

Во животот сум бор ец, сум ги нел за оваа држава, сум го давал максимумот и не се откажувам така лесно, како за клуб така и за репрезентација така што тешко некој да ме скрши.

Но, има и непредвидени, не мили ситиации. Ти доаѓа да ти е тешко, но не до степен да се откажеш од тоа што го работиш, вели Наумче.

На приватен план, Наумче е во брак со сопругата Марија со која имаат две деца. За себе вели дека неверство никогаш не би простил, но и не сака да му простат.

Што се однесува до колегите од политиката, на прашањето кој од сопартијците според него е најсамобнендисан, Наумче, малку подзамислувајќи се, даде сигурен одговор – Круме Смилков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *