Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи.
За братот на почи натата 20 годишна девојка, и покрај се, семејството сака да остави пример за потребата од вакви хумани гестови.
-Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејки сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра, истакна Мартин Белчовски, брат на 20 годишната Верица.
Огромна поддршка до семејството Белчовски, изрази и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
-Пред се огромна поддршка за ова семејство кое и во услови на голема тага и скршеност се одлучија на храбар чекор да ги донираат органите на не среќно Верица и со тоа да продолжат нови животи.
Огромен хуман чин кој значи многу пред се за општеството во охрабрување на тие акции на донори да продолжат и во наредниот период со што ќе се овозможи многу животи да бидат спасени и со тоа иако физички не е присутна, срцето на Верица ќе продолѓи да чука.
Како општина на семејството им стоиме на располагање за било какви потреби, кои уште еднаш ги охрабруваме за големиот хуман чекор, рече Пекевски
Како што претходно беше соопштено од Министерството за здравство, пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заб олување кое го оште тува срцето.
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.
„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило.
Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната бол ка која им ја гребе душата и не им дава мир.
Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари – велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.