Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила во практично сите економски сектори, но најмногу во областа на социјалната работа.
Здруженијата на работодавачи бараат зголемено доселување на работници. Помеѓу јули 2021 година и јули 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасуваа повеќе од половина милион квалификувани работници.
Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.
Најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот за социјална работа. Има 20.578 непополнети работни места – што е нов рекорд.
„Станува збор за професионалната работна сила која недостасува, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади, деца и во домовите за стари лица или во советувањето зависници.
Односно, во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање на социјалните проблеми“, наведуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филиќ Конеберг.
Сличен недостаток на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат просветните работници – 20.500 работни места се уште се непополнети. „Ова е рекордна вредност во тој сектор“, се наведува во студијата.
Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а во здравството, односно грижата за пациентите се потребни уште 16.839 работници.
Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила, како и 10.562 професионални возачи.
Претседателот на здружението на работодавачи од металопреработувачката индустрија, Штефан Волф е за донесување на нов закон за имиграција поради недостигот на квалификувана работна сила.
„Потребен ни е закон за имиграција каков што има Канада“, рече тој, додавајќи: „На имигрантите мора да им се гарантира долгорочно право да останат во Германија“.
Во Канада, според Волф, усвојувањето на законот за имиграција реши бројни проблеми, а во Германија законот за имиграција на квалификувана работна сила содржи бројни комплик ации и пре чки: „На оние што доаѓаат кај нас им треба осигурување и доживотна сигурност. Предуслов за тоа е да се квалификувани да го познаваат јазикот“.
Сегашниот германски закон за имиграција на квалификувани работници стапи на сила на 1 март 2020 година. Целта е да се олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од трети земји, пренесува Дојче Веле.