Огнен Јанески за еден ден помина 1200 километри, смени четири града и три држави

  • By admin
  • август 19, 2022
  • 0
  • 245 Views

Во изминатите години наназад Огнен Јанески прерасна во еден од најдобрите македонски новинари, човек кој пред се по својот глас од далеку се препознава.

Во своите 34 години живот, има повеќе од 20 години работно искуство, започнувајќи по животен пресврт кој го преживеал како дете.

Своето искуство го гради во неколку медиумски платформи, почнувајќи на 11-годишна возраст. Со неговото прво вработување во 2007-та во Македонската Радио Телевизија – на свои 20 години станува најмладиот спикер на вести во историјата на јавниот сервис на Македонија.

Од 2008-та, во ТВ „Сител“ се истакнува како водител и уредник на контактни емисии, кои подоцна ќе му станат печат на новинарската кариера, преку познатата емисија „Бумбар“.

А потоа, откако кон крајот на 2011-та во ТВ 24 (каде сè уште работи активно) ја создава и најпопуларната емисија од ваков вид – „Очи в Очи“. Во 2019 бил и главен и одговорен уредник на телевизијата. Работи и како дописник и известувач за странски медиуми (Турција, Унгарија, Шпанија, САД).

Тој е доста активен на социјалните мрежи, пред се на фејсбу каде што се огласи пред некој ден и напиша:

Моите денешни 24 часа: Раноутринско кафе во Сараево, Појадок во Загреб, Ручек во Скопје и Вечера во Охрид (цирка 1.200км).

Мал Балкан, а за нас голем. Ние исти, а сепак различни. Толку блиски, а раздвоени.Како едно семејство, растркалано насекаде.

Кога посетата на Сараево ќе ти заврши со фасцинантна журка на бендот од Шабан Бајрамовиќ, ,,Црна Мамба”, на Ајфеловиот Мост каде поминав прекрасни мигови со скапоцените и познати мои блиски – Лариса Халиловиќ, Лејла Хаџиахмиќ и Анднал Масло, но, и многу нови пријателства и соработки во иднина со Енсар, Есма, Амир, Сана, Заим, Зерина, Амина, Сенад, Мерима, Азра, Амра и многу други.

Како да си бев дома. Па уште кога ми измузицираа и в кафеана и на забавите македонски песни – леле, леле, леле, убавини!

Најдобрите забави за време на Сарајево Филм Фестивла беа во организација на Ауторит Партнерс/ Ауторите Партнерс Бриџ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *