Германската амбасада во Скопје со важно известување за оние што сакаат визи

  • By admin
  • август 30, 2021
  • 0
  • 10131 Views

Како што е познато од 1 јануари 2021 година во Германија започна последователнa регулатива на таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ (§ 26 став 2 од Правилникот за вработување).

Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот.

Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација. Последователната регулатива важи до 31.12.2023 година. Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување.

Сојузната влада ги укина сите ограничувања за влез за лица резиденти во Северна Македонија, со важност од 20.06.2021. Со тоа е можно повторно да се обработат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулатива за Западен Балкан.

Термини за аплицирање за виза според оваа нова регулатива ќе се доделуваат за секој месец посебно. Оттука, подолгото време на чекање како во минатото отпаѓа.

Секој месец ќе се отвора листа на чекање за термин за следниот месец. Периодот на активирање ќе биде објавен краткорочно на веб страницата на Амбасадата и страницата на Фејсбук.

Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека доколку има голема побарувачка може да се случи евентуално сите заинтересирани од еден месец да не добијат термин. Во тој случај, следниот месец имате повторно можност да се регистрирате.

Од германската амбасада во Скопје утрово излегоа со известување на својот профил на фејсбук во кое што велат:

Листата на чекање на термин за таканаречената Регулатива за Западен Балкан за месец октомври ќе биде отворена за регистрирање на 01. септември 2021 г. во 11:00 часот.

Ве молиме имајте во предвид дека по постигнување на месечниот контингент листата ќе биде затворена. Доколку не сте во можност да се регистрирате за месец октомври, тогаш имате можност да се регистрирате во наредниот месец за ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *