Германија воведува нови правила за влез во државата – ги засилува мерките

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 1847 Views

Германија ги вброи Шпанија и Холандија меѓу зоните со висока инциденца на коронавирусот, и невакцинираните лица при доаѓањето од овие земји ќе мора да одат во најмалку петдневна изолација.

Одлуката се совпаѓа со летните училишни празници во Германија чиишто бројни семејства ги минуваат на сончевите медитерански плажи во Шпанија или, пак, на брегот на Северното Море во Холандија.

Речиси половина од Германија не мора да одат во изолација бидејќи ги примиле двете дози од вакцината против Covid-19, но двете дози ги примиле само 2 отсто од населението помладо од 18 години, што ги загружува семејствата коишто патуваат во странство со деца и тинејџери.

Се очекува дека Шпанија ваквата одлука на Германија ќе ја дочека со негодување, иако последните неколку седмици бележи брз раст на новозаразените.

Од средината на јуни до средината на јули бројот на заразените петкратно е зголемен во Шпанија. Шпански функционери велат дека покрај вакцинирањето на населението и бројот на хоспитализациите кои се под контрола, инциденцата повеќе не е вистински показател за епидемиолошката ситуација.

Шпанското министерство за туризам во петокот не сакало да ја коментира одлуката на Берлин.

Германија, пак, во последните две седмици имала 17 новозаразени на 100.000 жители, а во истиот период Шпанија имала 624, а Холандија 670 нови случаи на Ковид 19, според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.

Во задолжителна изолација во Германија патниците од државите со висока инциденца нема да мора да одат, доколку оздравеле од Covid-19 во текот на последните шест месеци.

Новите мерки на германските власти за патниците при доаѓање од Шпанија и Холандија стапуваат на сила во вторник, 27-ми јули.

Што се однесува за правилата за влез на патници кои доаѓаат од Македонија иститие остануваат непроменети и важат досегашните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *