Во чекор со технологијата: Не користи пари или картичка за да плати – во левата рака има се што му е потребно

  • By klaster3
  • мај 2, 2022
  • 0
  • 297 Views

Патрик Помен предизвикува вистинско чудење секогаш кога наплаќа нешто во продавница или ресторан. Причината е тоа што овој 37-годишник не користи пари, банкарска картичка или апликација за мобилен телефон за да плати.

Сè што му треба има во левата рака, што е доволно за бесконтактно плаќање и купување. Оваа способност ја има од 2019 година, кога под кожата му бил инсталиран чип за бесконтактно плаќање.

„Реакциите што ги добивам од касиерите се непроценливи! Целата процедура на поставување чип боли како кога некој ќе те штипне“, нагласува Патрик за Би-би-си.

Микрочипот за прв пат беше вграден кај луѓето во 1998 година, но дури во последната деценија оваа технологија беше комерцијално достапна.

„Имплантот може да се користи за плаќање пијалоци на плажа во Рио, кафе во Њујорк, фризури во Париз или во вашата локална продавница. Може да се користи секаде каде што се прифаќаат бесконтактни плаќања.

Чипот тежи помалку од еден грам и е малку поголем од зрно ориз, се состои од мал микрочип и антена обложена со биополимер – материјал од природно потекло кој е сличен на пластика“, вели извршниот директор компанија што ги произведва.

„Имплантите со чипови го содржат истиот вид технологија што луѓето ја користат секој ден“, од клучеви за отклучување врати, картички за јавен превоз или банкарски картички со бесконтактно плаќање“, вели Патрик.

Тој додава дека не е загрижен што на тој начин би можело да му се одреди локацијата и движењето.

Во Холандија, Помен се опишува себеси како „биохакер“ – некој што внесува делови од технологија во своето тело за да се обиде да ги подобри своите перформанси. Има вкупно 32 импланти, вклучувајќи чипови за отворање на врати и вградени магнети.

„Технологијата постојано се развива, па јас продолжувам да ги вградувам и му давам поголема моќ на моето тело. Не би сакал да живеам без нив“, заклучува Патрик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *