Во Тетово се делат по 1.000 оброци дневно: Волонтери одвојуваат по 3 – 4 часа дневно за подготовка на порциите

  • By klaster3
  • април 10, 2022
  • 0
  • 269 Views

На втори април верниците од исламска вероисповед го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Рамазан е деветти месец во исламскиот календар и тој е свет месец за муслиманите затоа што во него започна откривањето на Куранот, светата книга на муслиманите.

Ова е посебен период во животот на муслиманите, но и време на дарување, кога муслиманот не може да спие мирно ако неговиот брат муслиман е гладен.

Неодамна известивме за пекара „Нафака“ од Сараево каде бесплатно се делат лепчиња за Рамазан и на сиромашните, но и на редовните купувачи.

Но, и Македонците се хумани луѓе. Веќе десетта година по ред хуманитарното здружение „Агими и бамирсис (Зора на милосрдието)“ од Тетово организира „Рамазанска трпеза“.

Секој ден се делат бесплатни оброци на студенти и на семејствата на кои им е потребно. Нивната цел е да поделат барем по 1000 дневно.

„И покрај ограничувањата, минатата година дониравме над 28.000 оброци, во просек по 900 оброци на ден. Оваа година имаме за цел да донираме над 1.000 оброци дневно“.

Солидарноста, великодушноста и љубовта се најубавите работи на кои ги потсетува постот и празникот Рамазан.

За 7 дена откако почнале со хуманата мисија споделија дека распределиле 7.365 ифтари така што во просек ја надминале и целната бројка.

Граѓаните кои вечераа и пред рамазан земаат храна на посебен пункт, а другиот пункт е за студентите. Самиот процес има три фази подготовка, пакување и дистрибуција по куќите од страна на активистите.

„Му благодариме на Бога за оваа можност. Оваа работа ја постигнуваме со хуманитарна поддршка и со поддршка од неуморниот персонал на нашето здружение каде 3 – 4 часа дневно се работи на порциите“.

Здружението „Агими и бамирсис (Зора на милосрдието)“ е финансирано од дијаспората и домашни компании но и од лица кои поради здравствени причини не можат да постат и плаќаат по 150 денари за еден ифтар кој им се дава на тие кои имаат потреба.

Целиот видео прилог може да го проследите на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.