Во најава трансфер на кариерата за Македонецот – пред потпис со Барселона

  • By admin
  • декември 24, 2021
  • 0
  • 466 Views

Екипата на Барселона оваа сезона не игра добро и веќе заостанува многу зад главниот ривал Реал Мадрид, а во клубот немаат многу пари за да се засилат.

Популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“ објави дека Барселона размислува да испрати понуда за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Уште оваа зима каталонскиот гигант наводно ќе се обиде да го доведе нашиот интернационалец. Моментално, 27-годишникот брани за Рајо Ваљекано и запишува фантастични бројки, на рамниште на најдобрите голмани во Примера.

Новинарот Хозе Алварез тврди дека Барселона е сериозно заинтересирана за Димитриевски кој блеска во Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната и е голманот со најдобар процент на успешност на одбрани во Ла Лига.

Претходно остави одличен впечаток и на Европското првенство во дресот на Македонија.

Барса го посакува Димитриевски како замена за Нето. Прва опција за Чави Хернандез и натаму ќе остане Марк Андре Тер-Штеген. Македонскиот голман има долгорочен договор со Рајо Ваљекано до 2024 година.

Меѓутоа сериозна понуда од „Камп Ноу“ сигурно ќе го натера да размислува за својата иднина.

Столе беше херој на Рајо Ваљекано во овосезонското соочување со Каталонците, бранејќи му пенал на Мемфис Депај во завршницата од натпреваро. Гранада е клубот кој го доведе кумановчанецот во Шпанија, а потоа го носеше дресот и на Гимнастик Тарагона и Кадиз.

Барселона го стави и Марк Андре Тер Штеген на трансфер – листа, а доколку овој трансфер се оствари, Столе Димитриевски би застанал на голот на каталонскиот гигант во вториот дел од сезоната.

Македонецот има актуелен договор со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година.

Столе е голман со најголем процент на одбранети удари во шпанската лига сезонава и доколку потпише со Каталонците ќе биде првиот Македонецо кој заигра за Барселона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *