Во најава неповолни вести за оние кои што чекаат бугарски пасош или планираат да вадат

  • By admin
  • јуни 3, 2021
  • 0
  • 4567 Views

Добро познато е дека во изминатите години голем број Македонци извадија бугарски пасошо, пред се поради полесно пронаоѓање работа во некоја од европските држави.

Сега Вашингтон ја предупреди Софија веднаш да го расчисти со не легалното и кор упциско издавање на пасошите или во спротивно, на бугарските граѓани и натаму ќе им биде потребна виза за влегување во САД.

Американците инсистираат бугарските пасоши да не се даваат на лица кои се за кана за внатрешната безбедност на САД, пренесува Еурактив. Бугарија дели пасоши на странци по неколку основи.

Македонците за бугарските патни исправи треба да докажат дека имаат бугарски корени, но се даваат пасоши и на странци за посебни заслуги или таканаречени златни пасоши за придонеси во културата, образованието, спортот, разни инвеститори.

Бугарските медиуми и порано посочуваа дека се работи за сомнителни зделки во кои се продаваат државјанства на лица кои на овој начин сакаат да се стекнат со пасоши за да добијат пристап до целата ЕУ.

Пред три години, поради издавање лажни сертификати за бугарско потекло, беше приведен шефот на државната агенција за Бугари во странство, кадар на Каракачанов кој беше коалициски партнер на Борисов.

Пасошите се продаваа по цена 5.000, а за Македонците од 800 до 1000 евра. Но и покрај големиот ск андал во кој се посочуваше дека е вмешана и тогашната министерка Захариева, не се направија суштински реформи иако тоа го бараше и ЕК.

Бугарската преодна Влада за неколку дена треба да достави гаранции до САД дека навистина ке има промени во процесот на издавње пасоши.

Во моментов Бугарија, Кипар, Романија, и Хрватска се единствени земји во ЕУ кои имаат визен режим со САД, но Вашингтон веќе вети дека Загреб и Букурешт ќе бидат ослободени од визи.

Секако ова не неповолни вести за големиот број Македонци кои што се уште чекаат да извадат бугарски пасош или пак планираат да отпочнат процедура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *