Како што е познато процесот на вакцинација како кај нас, така и пошрикот стагнира, нешто што е случај и со Гермнија.
Од таму ни пристига вест која веле дека надлежните и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да привлечат што поголем број граѓани на имунизација, пренесуваат медиумите во светот.
Слично е и во Германија кога се работи за вакцинација, па една компанија од Јена решила да ги поттикне своите вработени да ја добијат првата доза од вакцината против коронавирус.
Па така тие на вработените им понудиле бонус од 5.000 евра. На ваквата одлука се одлучиле поради слабата вакцинација на вработените.
Имено, секој десетти работник бил заразен, а процентот на вакцинација бил околу 60 отсто, пишува порталот магазин Феникс кој проверил дали има ефект ваквата финансиска стимулација.
Понудата ја искористија повеќе од 500 вработени. Тоа компанијата ја чинеше околу 2,5 милиони евра, откри нивниот шеф во компанијата во која сега се вакцинирани 90 отсто од луѓето.
Членот на Управниот одбор Данило Фрасијак потврди дека таквиот потег се исплател.
„Додека во ноември имавме и до десет инфекции дневно, во последните шест недели е регистрирана само една инфекција“, рече Фрасијак, додавајќи дека е горд на вработените.
„Нашите вработени се заштитени од последиците од ковид и тоа е многу добро за нас како компанија затоа што можеме да ја завршиме нашата работа со одличен тим“, истакна Фрасијак.
Како што е познато во Германија живеат и работат голем број Македонци, но засега не е познато дали некој наш граѓанин бил вклучен во овој бонус.