Возачот Војчо: Децата ги израснав преку камера, повеќе време со нив минам преку интернет отколку во живо

  • By admin
  • февруари 27, 2022
  • 0
  • 344 Views

Велат ако сакаш да работиш за поголема плата, работи како возач на камион – по можност во странство. Општопознато ни е дека возачите или по наше „шоферите“ земаат големи плати низ земјите во Европа.

Неретко голем дел од младите, па и стари решаваат да ја променат професијата и да земат дозвола за возење камион за да работат во странство. Не дека е многу лесна работата – само седи и вози си, си требаат големи жрт ви за да се работи ова, но нели, поголемата плата ги привлекува сите, па би се откажале и од најубавите работи.

Сепак неретко и после години работење некои да се откажат од оваа професија. Ќе ви пренесеме она што има да каже еден професионален возач на камион низ земјите во Европа за оваа работа.

„Нема недостаток на луѓе кои сакаат да возат камион. Дури, може да се каже дека се повеќе постои проблем во оваа индустрија со тоа што голем дел од возачите се повлекуваат од оваа работа.

Индустриите вработуваат, но луѓето од разни причини се откажуваат – сепак некој што е возач по патиштата само би можел да ги разбере. Јас инаку работам за една фирма во Шведска и долги години возам камион.

Одделен сум од семејството зашто сопругата не сакаше со мали деца да се преселува тука. Најчесто возам сам, но секогаш кога се јавува потреба, односно кога фирмата ќе вработи нови возачи, јас сум им придружник и обучувач. За нив доволно е само да имаат возачка дозвола и првите неколку месеци заедно со мене возат.

Ги обучувам како да користата навигација на автопатите, да водат писмена евиденција и им покажувам некои финти и познати запиралишта по патот.

Вистината е дека фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз им претставуваат нереална слика за самата индустрија и тоа ги тера возачите да се откажат.

Младите и нови возачи мислат дека веднаш ќе земаат високи плати, ќе направат огромна сум на пари, но не е така. Најчесто вработувачите сами се рекламираат со високите плати без да ја кажат вистината на почетокот.

Возачите се плаќаат по однос на изминатиот пат, но и врз основа на искуството што го имаат што значи дека новаците не заработуваат премногу.

Во оваа индустрија клучот е искуството. Можеме да возиме само 11 часа на ден и не сме платени за сите часови. Вообичаено е да се поминат 2 до 3 часа на пример кога се врши истовар или утовар на пратката кога сме заглавени во камионите и не ни е дозволено да користиме бања.

Обично не се плаќа од час, па чекањето не ни влегува во платата. Многу нови возачи започнуваат со работа во огромни фирми со илјадници камиони, барем во Европа.

Мојата фирма плаќа добро, но многу фирми не. Ако плаќаа повеќе немаше да има толку откажувања. Многумина ме прашуваат како се снаоѓам, нели ми фали смеејството, ама тоа е, возењето камион не е професија според мене.

Тоа е животен стил и не може секој лесно да се навикне. Многу од возачите се долго време одвоени од дома – најчесто со месеци, исто сум и јас. Имам дозвола за работа, така што можам и често да си одам дома.

Ми доаѓа тешко минувањето време без фамилијата, но што да се прави мора да се издржува. За некои возачи е голем шо к и брзо се откажуваат за да си седат на топло дома, а не да живеат во кабина.

Јас двете деца ги израснав буквално преку камера, повеќе време минам со нив преку интернет отколку во живо. Не е лесно воопшто , но се навикнав, имаме два кревети, мала кујна за готвење, буквално сме како во движечка келија секој ден.

Сепак, мене ме исплонува работата, тоа што сум на пат секој ден и што можам да гледам нови работи. Се изнашетав барем. Не можев да се замислам дека ќе бидам нешто друго туку возач.

Уште во војс ка возев камион и оттогаш ја имам таа љубов и мерак ми е да подучувам други. Постојат многу работи што треба да се сменат во оваа индустрија, но не се двоумете воопшто ако имат издржлив карактер за да смените професија.

На почеток можеби нема да земате многу пари, но со тек на време се покачува платата и ќе бидете и повеќе од задоволни“

Обработил: А.Л Фото: Илустрација.

Забрането превземање без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *